Царинската служба на Хонг Конг спречила голем шверц на слонова коска. Биле запленети 72.000 килограми.
Според првично објавените информации, ова е најголема заплена на слонова коска на тамошните власти во последниве 30 години.
Вредноста на запленетата слонова коска се проценува на околу 9 милиони американски долари.