Има само три години, а веќе е во друштвото на најпаметните во светот.
Алексис Мартин е најмладиот член на одгранокот на Менса во Аризона. Таа има коефициент на интелигенција 160, а просечен човек има коефициент 100. Таа е попаметна од 99,9 отсто од луѓето на Земјата.
Нејзината мајка раскажала дека почнала да забележува дека Алексис е посебна бидејќи кога имала само годинка ги рецитилна приказните кои таа и ги читала пред спиење.
„Се возевме и таа почна да ја кажува приказната што и ја читав предходната ноќ“, рекол нејзиниот татко за американските медиуми.
Со помош на апликации на Ајпад таа научила да чита, да говори шпански, а добро владее и со бројките.