Заробениот од руската војска во саботата хрватски платеник кој се иденификувал како загрепчанецот Вјекослав Пребек, кој се борел на страната на украинските сили, изјавил дека имал наредба да не ги пушта цивилите да го напуштаат опсадениот јужен град Мариупол, објави на својот Telegram канал војската на одметнатата проруска источноукранска област Доњецк.
Претходно во саботата министерството за надворешни и европски работи на Хрватска потврди дека руската војска заробила хрватски државјанин кој се борел на украинската страна, кога заедно со група соборци се обидел да побегне од околината на Мариупол. Од Загреб додаваат дека во соработка со колегите во Киев „работат на решавањето на случајот, но дека поради чувствителноста на ситуацијата во овој момент нема да откриваат детални информации“.
Според изјавите на властите во Доњецк, хрватскиот борец раскажал како украинските сили ги зазеле позициите на територијата на металуршкиот комбинат „Илич“, во близина на големиот утврден со подземни коридори комплекс „Азовстал“. Според него, во единицата имало и други странци, тројца британски државјани коишто дезертирале.
„Кога бевме во фабриката, имавме наредба да не ги пуштаме цивилите од Мариупол. Наредбата за тоа ја даде командантот на баталјонот Бова Евгениј Петрович. Причината? На пример, не знаеме кој излегува и какви информации може да му бидат пренесени на непријателот“, вели Пребек.
Руското министерство за одбрана на 15-ти април објави дека фабриката „Илич“ во Мариупол е целосно ослободена од милитантите на националистичките баталјони.
Од почетокот на руската офанзива во Украина на 24-ти февраури, хрватските медиуми објавуваат дека десетици Хрвати како „доброволци“ се приклучиле на укранскиот „легион на странци“ или на паравоените формации на ултрадесничарските движење. Официјален Загреб повеќепати негираше дека испраќа хрватски дражавјани во руско-украинскиот конфликт.