
Од Јавното претпријатие МЖ Инфраструктура апелираат, возачите да ја почитуваат поставената железничка сигнализација со што би се избегнале сообраќајните несреќи кои во последно време се позачестени.
Преку нивните безбедносни камери се евидентирани случаи на непочитување на железничката сигнализација кај железничката пруга во Драчево од страна на возачи.