Француската полиција евакуираше 18 луѓе од Трговски центар во близина на Париз кои биле земени како заложници од ограбувачи, соопшти полицијата. Француските медиуми јавувија дека тројца вооружени мажи зеле луѓе како заложници. Никој не е повреден. Засега нема индиции дека нападот бил терористички акт полицијата трага по тројца вооружени кои избегале.
Според полициски извори станува збор за обид за грабеж во северното париско предградие Вилнев-ла-Гарет.
Околу 6.30 часот по локално време двајца или тројца вооружени напаѓачи влегле во продавница „Праимарк“, претпоставувајќи дека првобитната намера била вооружен грабеж“, објаснил полициски извор, кој побарал анонимност.
Франција останува под зголемена тревога за безбедноста по масакрот во канцеларијата на сатиричното списание „Шарли Ебдо“ во јануари, извршено од вооружени лица поврзани со „Ал Каеда“, како и нападот, во кој инспириран од „Исламска држава“ вооружен човек уби четворица во еврејски супермаркет .