ВИДЕО| Здравствениот дом „Гоце Делчев” во Делчево претворен во агитациски пункт на СДСМ

Брегалнички портал објави видео на кое се гледаат пропагандни летоци на СДСМ пред ординацијата на Д-р Оливера Симова во Здравствениот дом „Гоце Делчев” во Делчево.

„Од овие фотографии и видео во јавноста се наметнуваат повеќе прашања на кои надлежните мораат да дадат свој одговор со цел ваквата практика да биде санкционирана. Дали матичната лекарка чие што име се гледа во видеото е дел од кампања на СДСМ во пресрет на претстојните избори на нејзиното работно место? Дали Директорот и менаџментот на Здравствениот дом „Гоце Делчев” во Делчево е запознаен со ваквата пракса, дали истата ја одобриле и дали некој ќе сноси одговорност за овој скандалозен чин?“, прашува порталот, во чиј текст се наведуваат проблемите со кои што се соочува овој здравствен  дом.

„Нема набавка на основни апарати за докторите вo ИМП; Нема нов апарат за мерење притисок во ИМП подолг временски период; нема нови санитарни чворови, нема соодветни пристапни рампи до сите простории за лицата со инвалидитет кои се дискриминирани на овој начин. Во немоќта на надлежните да одговорат во пресрет на овие потреби на граѓаните и медицинскиот персонал, здравствениот дом според овие фото и видео материјали се претвора во партиски штаб на СДСМ со што се руши основната дејност на оваа здравствена институција, што е скандал од невидени размери“.