ВИДЕО| Зеленски со црно-бела видео порака за Денот на победата: „Никогаш повеќе? Обидете се да ѝ кажете на Украина“

Украинскиот претседател Влaдимир Зеленски во неделата на денот кога Европската унија го одбележува Денот на победата над нацизмот, објави црно-бело видео снимено во разурнатиот град Бородјанка, во непосредна близина на Киев, коешто се тврди дека е целосно уништен во руската инвазија.

Во драматичното видео, Зеленски повлекува паралели меѓу борбата на Украина против руската инвазија и борбата против фашизмот и нацизмот во Втората светска војна и вели: „Никогаш повеќе? Обидете се да ѝ кажете на Украина“.