Откако во средата областа на грчкиот град Лариса беше погодена од силен земјотрес од 6,3 степени по Рихтер кој беше проследен со серија послаби но исто така потреси со висока магнитуда, почвата и во четвртокот продолжува да се тресе.
Според најновите информации и утрово силен земјотрес ги вознемири жителите на ова место, а истиот бил со јачина од 4.6 степени по Рихтер.
Почвата не мируваше во текот на вчерашниот ден и ноќ, а истото се тресеше буквално на секој половина час.
На социјалните мрежи кружат и видеа направени во текот на вчерашниот ден, а на нив се гледа како градот се соочува со многу урнати згради и домови кои се буквално срамнети со земја