ВИДЕО| Земјотрес со магнитуда 7,3 ја погоди Јапонија

Јапонија во средата беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7.3 степени според Рихтеровата скала. Веднаш по земјотресот во земјата е издадено и предупредување за цунами.

Официјални информации за евентуални жртви, повредени или материјални штети се уште нема, но на социјалните мрежи почнуваат да се споделуваат видеа како се осетил и како тресел земјотресот.

Меѓутоа противпожарната служба на префектурата Фукушима добила бројни објави за настрадани во моќниот земјотрес кој го погоди североистокот на Јапонија, пренесува агенцијата Kyodo и додава дека повиците најмногу доаѓаат од градот Сома.

„Доаѓаат известувања за бројно настрадани“, го цитира агенцијата портпаролот на службите во чиј состав е и брзаа помош.

Земјотресот со магнитуда 7,3 го погоди североистокот на Јапонија со епицентар во Тихиот Океам. Според податоците на јапонската метепролошја служна земјотресот се случил околу 23,36 часот по локално време, односно 16,36 часот по македонско време.

Подземните удари биле почувствувани во префектурите на североистокот и северот на Јапонија. Силните брановидни удари биле почувствувани и во јапонската престолнина Токио. Засега нема информација жртви и разурнувања.

Компанијата оператор со електричната мрежа Tokyo Electric Power објави дека повеќе од 70.000 домаќинства во Токио останале без снабдување со електрична енергија.