Земјотрес со магнитуда од 3,9 степени по Рихтер бил почувствуван во парламентот на Лихтенштајн среде дискусијата за потребата од воведување задолжително осигурување од земјотреси, пишува Euronews.
Видеото коешто го објави порталот на Лангтаг, парламентот на Лихтенштајн, покажува како пратениците почувствувале две треперења на почвата во рок од неколку секунди.
На првиот потрес пратеничката на говорницата Бетина Петзолд-Маер се насмеа, додека по второто посилни тресење претседателот на парламентот Алберт Фрик привремено ја прекина седницата и ги евакуираше пратениците.
Полицијата на Лихтенштајн објави дека примила „голем број повици од загрижени граѓани“, но дека засега се чини дека повредени лица, ниту оштетен имот.
Првиот потрес изнесувал 2,4 степени а вториот 3,9 според Рихтер.
Епицентарот според Европско-медитеранско сеизмолошкиот центар (EMSC)бил на 19 километри јужно од австрискиот град Дорнбирн, а бил почувствувал и во делови на Швајцарија, како и во јужните германски сојузни покраина Баварија и Баден-Витенберг.