Чешкиот претседател Милош Земан официјално го именуваше Петар Фијала за нов премиер на државата. Овој чин се случил вчера, а за време на истиот Земан седел во количка изолиран во кутија од плексиглас, а во придружба на медицински лица облечени во скафандери.
Минатата недела Земан беше позитивно тестиран на коронавирус и во моментов заздравува по подолгиот престој во болница поради сериозно заболување неврзано за Ковид-19.
Фијала, како и останатите на церемонија, носел маска кога го потпишувал официјалниот документ пред Земан кој седел во специјалната кутија. Претседатело на ОДС, Фијала предводи блок од пет опозициски партии.
Си-Ен-Ен јавува дека за време на церемонијата Земан и Фијала разговарале преку микрофон. Земан истакнал дека ќе се сретне со потенцијалните министри во кабинетот поединечно додавајќи дека сака тој процес да заврши до 13 декември.
Ден по парламентарните избори 77 годишниот Земан итно беше пренесен во болница каде помина неколку недели на интензивна нега поради црниот дроб и други здравствени проблеми. Претседателот е отпуштен од болница 46 дена подоцна, но повторно истиот ден бил вратен назад откако бил позитивен на тестот за коронаворус. Повторно е отпуштен од болница во саботата откако немал веќе симптоми, но со обврска да остане во карантин.