Кинеската полиција соопшти дека 39-годишна жена, која е веќе уапсена, со нож повредила 14 деца во градинка во Чонгчин, град на западот во земјата со 30 милиони жители.
Граѓаните кои се затекнале или дошле околу градинката, ја клоцале, плукале и гаѓале со предмети уапсената жена, пренесува АП.
Во Кина често се случуваат вакви напади, а последниот таков беше со трагичен епилог.
Во април, напаѓач уби 9 ученици во едно училиште во Кина.