ВИДЕО| Жителите од место крај Рим останаа дома поради избеган лав

Жителите од околината на италијанската престолнина Рим беа повикани во саботата да останат во своите домови за да не наидат на лав кој избегал од локалниот циркуси по кој полицијата трагаше до доцна ноќта.

Алесандро Грандо, градоначалник на Ладисполи, град со околу 40.000 жители, го објави предупредувањето на социјалните мрежи, велејќи дека полицијата му помага на персоналот на циркузот во потрага по животното.

„Лав побегна од циркусот“, напиша Грандо пецизирајќи дека ѕверот е забележан во близина на поток кој се наоѓа близу циркусот.

„Ве молиме д абидете претпазливи и да ги избегнувате сите излегување до следното соопштение“, предупреди градоначалникот.

Лавот се движел по улиците на градот, предизвикувајќи загриженост кај граѓаните кои го снимаат неговото присуство и снимките ги објавуваа на социјалните мрежи.

Предвидувајќи веројатни тужби, Грандо појасни дека тој не го одобрил присуството на циркусот со лавови во градот, но дека нема овластувања да го спречи тоа.

Доцна ноќта кон неделата градоначалникот на својот профил на Facebook објави куса порака во која ги извести жителите дека лавот е заловен благодарејќи на ангажманот на бројни служби и доброволци. Животното било фатено, откако се засолнило во густата трска, близу градот.

„Се надевам дека оваа епизода може да разбуди малку совест и дека конечно можеме да ставиме крај на експлоатацијата на животните во циркусите“, напиша градоначалникот.