Земјотресот кој утрово не пробуди од спиење ги вознемири и животните од зоолошката градина во Скопје. За следнито видео остануваме без коментар.
На мрежата Твитер, Марко објави видео во кое се слушаат тажни звуци кои доаѓаат од зоолошката градина.
Погледнете во продолжение:
Животинкиве гревчиња ЗОО Скопје #земјотрес pic.twitter.com/zdqtcAw2ZH
— Sylvester (@Sylvester_mk) November 11, 2020
Инаку земјотрес ја разбуди Македонија утрово во 4часот и 55минути.
Епицентарот на земјотресот е во близина на Маврово село Леуново, односно 8 километри од Вруток, со јачина од 5.0 степени според Рихтер на длабочина од 8.5 километри.
Само 5 минути порано земјотрес со јачина од 3.1 степени според Рихтер исто така ја стресе и Турција, но засега не е потврдено дали овие два земјотреси се поврзани, со оглед на тоа што и двете земји спаѓаат под иста тектонска плоча, па често земјотресите се случуваат во исто време.
Нема информации за материјална штета од потресите.