Вечерва Хаос се случува во моментов во Собрание, брифираат пратеници за Економски Лидер. Велат дека иако цел ден работат по 19-та седница, сега не статутарно се продолжува и по 18 часот додека не се исцрпат сите дискусии.
По ова би требало да се започне со 20-та Седница на којашто една од точките е за „ГАМА“, односно носењето на закон со кој ќе се платат 33 милиони евра на Макпетрол за решавање на долгогодишниот спор околу сопственота над ова компанија.
Пратениците се сомневаат дека ова се прави преку ноќ за да никој не ја види одлуката со која „Макпетрол“ ќе добие 33 милиони евра од Буџетот.
„Што е толку криминално што на Владата и Заев им се брза вечерва на шверцерски начин да злоупотребат 33 милиони евра народни пари за Макпетрол? – Какви ветувања дал Заев штом на сила власта турка закон кој го блокираме?“, прашува пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ
Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата претходно обвинија дека за овој Договор меѓу државата и „Макпетрол“ јавноста нема доволно информации и со него ќе се направи штета на сметка на државниот Буџет
„Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50 отсто во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дава напори да блокира дел од работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари, информираат од Центарот за комуникации на партијата.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски вечерва од Собрание пишува: „Нервоза пред полноќ за 33,5 милиони евра шверцерски договор на Заев и Макпетрол“.