Снимил видеоклип со девојката, му раскинала го објавил

Снимил видеоклип со компромитирачка содржина, откако девојката му раскинала го објавил.

Кривична пријава и притвор заработи 28- годишниот В.С од село Владевци струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Снимил видеоклип со девојката, му раскинала го објавил
Снимил видеоклип со девојката, му раскинала го објавил

Имено, В.С. во месец јули 2015 година, неовластено поточно без знаење на пријавителката снимал видеоклип, помеѓу нив двајцата со компромитирачка содржина, за што подоцна и се заканувал, доколку ја прекине врската, снимениот материјал ќе го објави преку социјалните мрежи и дека ќе настрада нејзиниот внук. Во текот на месец септември по краткотрајна расправија снимениот материјал го објавил, информираат од полицијата.

Инаку пријавениот минува во евиденциите на МВР како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и насилниот криминал.

Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица одредена му е  мерка притвор во траење од 8 дена