Виетнамските власти се обидуваат да ја забрзаат идентификацијата на своите државјани за кои се верува дека биле меѓу лицата кои се најдени во камион-ладилник во близина на Лондона минатата седмица, изјави во вторникот за Reuters, заменикот министер за надворешни работи Нгујен Куок Цуонг.
Од британскиот суд во понеделникот соопштија дека криумчарењето на оваа група луѓе била дело на глобална криминална мрежа. Против возачот на камионот е подигнато обвинение за убиства и трговија со луѓе.
„Националноста на жртвите сѐ уште официјално не е потврдена“, рекол Ционг во изјавата на маргините на конференција во градот Винху. Виентам и Британија „се обидуваат да ја забрзаат идентификацијата на телата, но не е поставен рок“, додал.
Виетнамската влада соопшти во понеделникот дека британската полиција во Ханој испратила документи поврзани со четири жртви на натамошна проверка.
Откривањето на телата на 39 лица, 31 маж од кои еден тинејџер, и на осум жени, во товарниот простор на камион-ладилник во индустриската зона Грејс во грофовијата Есекс, триесетина километри источно од Лондон, го сврти вниманието на светската јавност на илегалната трговија со луѓе, преку која сиромашните од Азија, Африка и Блискиот истол се обидуваат да стасаат до Западот.
Возачот на камионот, 25-годишниот Морис Робинсон од Северна Ирска, уапсен по откривањето на камионот минатата среда, во понеделникот преку видоеконференциска врска одговараше пред судот во Челмсфорд. Судот одлучи да го задржи во затвор до 25-ти ноември, кога ќе треба да се изјасни дали се чувствува виновен или не пред лондонскиот кривичен суд Олд Бејли. Тој освен за убиства на 39 лица и за трговија со луѓе, обвинет е и за кривични дела поврзани со миграцијата и перењето пари, соопшти полицијата во Есекс.