Виетамка на 45-годишна возраст го урна државниот рекорд со раѓање на 15 деца, објавија властите на оваа земја во вторникот.
„Веќе со децении не сум видел некоја жена да роди толку деца“, изјавил лекарот Н’гујен Ба Туј за агенцијата DPA.
Н’гујен Ти Сам родила близнаци во 32-та седмица од бременоста кои тежеле 1,5 и 1,6 килограм, во градот Хо Ши Мин во неделата, пренесува електронскиот весник Vietnam Net.
Со децении наназад виетнамските власти со закони поттикнуваат на ограничување на раѓањето до две деца, но тоа е обврзувачо само за членовите на владејачката Комунистичка партија.
Сам, којашто живее во централната виентамска покраина Н’ге Ан, отпатувала во градот Хо Ши Мин на преглед, а лекарите биле принудени да извршат царски рез за породување на бебињата.
„И покрај неочекуваните проблеми, моите две девојчиња се родени живи и јас сум им многу благодарна на лекарите кои успешно ми помогнаа“, изјавила мајката рекордерка за весникот.
Пред да го добие најновото потомство, Сам имал шест момченца и седум девојчиња. Двете најстари се веќе во брак, додека третото дете е на студии во САД. Сам го собори претходниот рекорд од 14 родени деца, забелажан во градот Ханој, изјавил лекарот Туј.