Позната по своите невообичаено големи стапала, Донг Тао кокошката со генерации наназад е деликатес во Виетнам и главно се јадела во текот на празнувањата по повод на Лунарната нова година, а собено е баран оваа година.
Ретката раса живина, позната и како змејска кокоша, со чифт лушпести црвени стапала големи колку лименка за пиво, потекнува од Донг Тао, село 30 километри југоисточно од Ханој. Се верува дека кокошката Донг Тао, која може да тежи до 6 килограми, некогаш резервирано само за кралското семејство, им носи среќа и богатство на своите сопственици.
Денес побарувачката на Донг Тао кокошките, чиешто месо има крцкава текстура, изразена миризлива арома и богат вкус, рапидно расте.
„Целосно израснато змејска кокошка стара најмалку една година одгледана во селото Донг Тао се продава до 5 милиони донга (205,38 американски долари) или понекогаш дури и за 10 милиони донга“, рече Ле Тронг Дунг, фармер за кокошки во селото.
Кокошките сега се одгледуваат и надвор од селото, нудејќи можност за поширок обем на потрошувачи, но според локалниот земјоделски функционер Фан Ван Хиу, оние што се одгледуваат во селото и се хранат само со ориз и пченка имаат најдобар вкус.
„Производството сè уште не ја задоволи домашната побарувачка. Сигурен сум дека нема да го најдете пилешкото Донг Тао во ниту еден ресторан на KFC во догледна иднина“, вели рече Хиу.