Викајте го Путин „Владетел“, предлага партија во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин би можел да го смени името, односно неговата титула. Тој нема да биде „претседател“, туку „владетел“, што е збор поблизок до руската култура, пишува Њузвик. Вака бара националистичката Либерално- демократска партија (ЛДПР) во земјата. Рускиот збор за „владетел“ е „правител“.

Но, за Кремљ ова е нова идеја.

„Тоа е нова идеја. Немаме став за ова прашање“,  изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Од партијата ЛДПР рекле дека користењето на терминот „претседател секогаш нѐ засрамувало“ како Руси. Партијата тврди и дека терминот првпат бил употребен на крајот на XVIIIвек во САД, а „многу подоцна се проширил низ светот“.

„Кај нас, според историските стандарди, ова (претседател) е генерално нов збор и додека не се вкорени целосно, можете безбедно да го замените. На пример, со фразата „шеф на државата“ или зборот „владетел“. И двата се поразбирливи за руското уво“, велат од ЛДПР.

Предлогот на ЛДПР доаѓа четири месеци откако Русија е во војна со Украина. Тие сметаат дека по војната Русија треба да замени еден куп западни термини кои влегле во рускиот јазик.