Заврши средбата на министерот за здравство Венко Филипче и членовите на Комисијата за заштита од заразни болести, но освен што се договориле да ја следат состојбата и следните денови, нема препораки за некакви порестриктивни мерки.
„И следните денови ќе следиме какви ќе бидат бројките на новодијагностицирани. Ова е навистина висока бројка во однос на претходните денови. Заклучивме дека денеска и утре треба да се направи увид за начинот на трансмисија на вирусот во секоја општина посебно. Ако нешто откриеме, да може да одлучиме какви мерки и каде би се вовеле – рече Филипче во живо на вестите на Сител, по завршувањето на средбата.
Филипче потенцира дека до викендот ќе знаа какви мерки и во која општина треба да воведат.
Дали ќе се намали работното време на угостителските објекти или ќе се намали бројот на маси ќе се знае по епидемиолошките прашалници.
Филипче посочи дека планот за рестрикција вклучува и затоворање градинки и училишта, но и да се вклучат и други ученици во настава од ноември со физичко присуство, ако тоа го дозволува епидемиолошката состојба.