![dens of](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/dens-of.jpg?resize=696%2C402&ssl=1)
Викендов пред спортскиот центар А1 Арена Борис Трајковски ќе се одржи јубилејното 5-то издание на меѓународниот танцов натпревар „Dance off“.
Во рамките на танцовиот викенд ќе се одржи и Куп во Модерни и Латино танци. Дел од учесниците на купот ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во модерен, џез и класичен балет кој ќе се одржи во декември во Варшава , Полска.
Поради ситуацијата со ковид19 и ризикот од ширење на вирусот ,оваа година ќе изостанат натпреварувачите од другите земји , додека фестивалот ќе се одржи со ограничен број на перформанси и танчери од Македонија, под строго утврдени протоколи.
„Dance OFF“ е празник на танцот и поддршка на танцовата уметност во овие тешки времиња. Идејата е да ги мотивираме младите да продолжат да се бават со танц и покрај многубројните ограничувања и искрено се надеваме дека ќе им значи да се појават на танцовата сцена после толкава пауза.
Овогодинешното издание на Dance OFF е само најава за она што треба да се случи наредната година во Скопје, а тоа е Европското Првенство во модерен , џез и класичен балет кое ќе се одржи во јуни во Македонска Опера и Балет во организација на танцовите клубови „Break А Leg“ и „Eat The Beat“ од Скопје.