
Во следните денови, времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Исклучок ќе биде недела, кога во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради влијанието на многу топлата воздушна маса од Африка температурите и тоа особено за време на викендот ќе бележат тенденција на значителен пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени.
Во Скопје и околината времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Исклучок ќе биде недела попладне кога во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност.