Викендов ни претстои топло време

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста во крајните западни делови ќе се зголеми и можни се услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Во наредните денови ќе се задржи многу топло време со пораст на температурата. Најтопло ќе биде во недела и во понеделник кога на повеќе места температурата ќе надминува 30 степени. Во недела попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Изолирана појава на нестабилност се уште е можна и во понеделник.