И утре времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Во сабота попладне и во недела во текот на денот, претежно во западните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во понеделник се уште ќе има услови за слаб локален дожд, најавуваат од УХМР.
Инаку денес не очекува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. УВ индексот изнесува 9.