Од утре попладне до сабота ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури. Од недела облачноста ќе се зголеми, а локални врнежи од дожд се очекуваат во понеделник попладне и во вторник, кога ќе има и заладување, најавуваат од УХМР.
Времето денеска е променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Поварадрието на места засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.