Викендов во Скопје 28 сообраќајки со 32 повредени

сообраќајки

Во петокот на 27 јануари, се случиле 15 сообраќајни незгоди. Во осум од нив 17 лица се полесно повредени, а шест сообраќајки поминале само со материјална штета. Случена е и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобиле еден возач и еден сопатник, а полесно се повредени три лица.

Пет сообраќајни незгоди се случиле во саботата од кои во две со полесни повреди се здобиле две лица, а кај останатите е констатирана материјална штета.

Вчера е извршен увид на осум сообраќајни незгоди. Во две незгоди со тешки телесни повреди се здобиле еден патник во автобус и еден пешак. Кај две сообраќајки шест лица се здобиле со полесни повреди, а четири се со материјална штета.

Во текот на изминатите три дена полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 42 возачи  кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 11 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 13 возачи поминале на црвено светло на семафорот, како и тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки. Санкционирани се и девет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин односно, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 50 возила.