Сообраќајната полиција во петокот изврши увид на 10 сообраќајни незгоди. Во две од нив со полесни телесни повреди се здобиле две лица, а осум се со причинета материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои во седум сообраќајки повредени се 13 лица, а три се со материјална штета. Случена е и една незгода со последици тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице, а со телесни повреди четири лица.
Во недела извршен увид е на 14 сообраќајни незгоди. Дванаесет лица се полесно повредени во осум сообраќајки, а шест се со причинета материјална штета.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се девет возачи кои се движеле со возилото со поголема брзина од дозволената, осум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 10 возачи поминале на црвено светло на семафор, 19 возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и 33 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 82 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 78 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.