Градот Скопје ги известува граѓаните дека викендов во период од 07 до 17 часот, на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булевар „8-ми Септември“ до крстосницата со улица „Московска“, сообраќајот ќе се одвива согласно со времено поставениот режим.
Времениот режим се воспоставува поради изведба на градежни активности – попречни прекопи за поставување подземна инсталација.