Викендов времен сообраќаен режим на булеварот Борис Трајковски

Градот Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека во сабота и во недела  ќе се изведуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот Борис Трајковски.

Прекопите ќе се изведуваат на локацијата пред втората капија на фабриката ОХИС и кај семафорот во населбата Пинтија, во времетраење од 8 до 16 часот.

Поради тоа, на булеварот Борис Трајковски ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на коловозот.