За викендот во периодот од 9 до 16 часот ќе се изведуваат градежни активности – поставување атмосферска канализација на крстосницата на булевар „Србија“ со булевар „3-та Македонска бригада“ .
Автобусите кои ја опслужуваат линијата со број 13 на 08.03 (сабота) во насока кон Кисела Вода ќе се движат по постојната траса до крстосницата на булевар „Србија“ со булевар „3-та Македонска Бригада, а потоа се пренасочуваат по булевар “3-та Македонска бригада“, улица „11-ти Октомври“, булевар „Борис Трајковски“ (Првомајска), улица „Народни Херои“ и улица „Христо Татарчев“.
Во насока од Кисела Вода кон Железара ќе се движат по постојната траса.