Џулиан Асанж ветува уште едно масивно истекување на информации кои ќе афектираат 50 земји во четврток за да го одбележи своето двегодишно заложништво во амбасадата на Еквадор во Лондон.
Во своето конференциско зборување, доцна во средата навечер по австралиско време, Асанж поранешниот австралиски министер за надворешни работи го нарече лажго, Барак Обама го нарече наказа, зборувал за неговата гордост „Викиликс“ како „состојба на уметност“, техничката моќ која овозможува иако е во своето дипоматско прибежиште да изменаџира“ евакуација на американскиот дојавувач Едвард Сноуден од Хонг Конг и го нарече тоа „најголема потера која досега светот ја видел“, пишува „Сиднеј Морнинг Херлад“.
Во коментар за Светското првенство после 729 дена од неговиот азил во амбасадата тој прокоментирал „Несомнено Еквадор заслужува да победи“, а додал дека најверојатно Бразил ќе триумфира, а потоа шегобијно дал коментар дека приемот во зградата е доста тежок, иако тоа можеби иима свои предности“.
Асанж рекол дека полицијата ги разгледува сите посетители како и тоа дека потрошила 10 милиони долари за 24 часовното надгледување на амбасадата за да тој не се осмели да го напушти објектот во близина на Хародс во Најтсбриџ.
Доколку го напушти објектот се соочува со екстрадиција во Шведска каде што е баран заради сослушување за обвинување за сексуален напад на две жени, за што допрва треба да биде обвинет – после четири години. Тој обвинувањето го отфрла како лажно политички управувано одвраќање од главната игра: САД, каде што заменик претседателот Џо Бајден го нарече „хај тек терорист“.
Мајк Ратнет правен застапник на Асанж на прес конфереција изјавил дека неговиот клиент доколку биде екстрадиран во САД, би можел да се соочи со третман сличен на оној на Челзи Менинг, американскиот војник кому му беше досудена казна затвор од 35 години . Асанж би можел да биде казнет со самица и да го држат во подрумски ќелии.
Асанж рече дека втората годишнина од неговиот азил во амбасадата ќе биде одбележана со ослободување на документи од страна на „Викиликс“ во областа на меѓународните преговори“ и тоа опфаќа 50 земји.
Понатаму тој рекол „ Ќе видите дека „Викиликс“ ќе се претвори во сервис за пребарување на документите од безбедноста, сега со повеќе од осум милиони документи веднаш може да се изврши пребарување, ако одите на search.wikiliks.org“.
„За разлика од останатите новинари кои известуваат од оваа област, јас сум во ефективна јурисдикција каде што не може да се случат, напади ноќе или дење…“, рекол Асанж.
„Доколку ја погледнете ситуацијата за добивање на Едвард Сноуден од Хонг Конг и се обидувате со тоа да управувате од амбасада под интензивно надгледување на најголемиот лов на луѓе од интелигенцијата кој што светот досега го видел, можете да разберете каква уметност е да ги обезбедите комуникациите од овде со Хонг Конг. И ние сме горди што нашите техники беа успешни во тој случај и развиваме системи кои ќе дозволиме и на другите да се користат пошироко“.
Асанж вели дека одржува контакт со тимот на Сноуден кој доби азил во Русија. Но одби да каже дали е во директен контакт со Сноуден.
Асанж тврди дека бил казнет заради помагањето на Сноуден. Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг на работната група бил согласен за неговиот случај со Еквадорскиот министер за надворепни работи, „но после моето учество во случајот на Сноуден.. добивањето на азил…, работната група беше веднаш откажана од страна на Обединетото Кралство“
Порптаролот на Министерството за надворешни работи рекол „Ние нити ја откажавме нити ја суспендиравме работната група со Еквадорските власти, но останавме посветени на изнаоѓање на дипломатско решение за ситацијата. “
Следната недела адвокатите на Асанж ќе бидат во Шведска кадешто ќе се обидат да го предизвикаат случајот против екстрадицијата. Австралискиот адвокат Џенифер Робинсон рече дека случајот се базира на собирање на нови информации во Шведска“, но таа одби да даде детали. Адвокатите на Асанж велат дека го поканиле Шведскиот обвинител четири пати да дојде и да направи сослушување во амбасадата, но ваквите предлози биле одбиени,пренесе „Сиднеј Морнинг Хералд“.
„Дури и во случај да се откаже барањето за екстрадиција без задолжителен налог, сеуште имам поголем проблем – САД“, рекол Асанж. „САД може да испрати потерници за екстрадиција под ознака „запечатено“ или „тајно“ во Велика Британија, или тоа може да се испрати како прелиминарно барање за екстракдиција без документи, па за тие детали да се грижат подоцна.“
Британската полиција имала „инструкции да ме уапси дури иако јас бев во дипломатски автомобил и имав дипломатски имунитет“, а полициските единици задолжени за тоа беа единиците за контратероризам. Тие ме третираа како закана за безбедноста , а не како предмет на барање за екстрадиција.“
Асанж го повикал јавниот обвинител на САД Ерик Холдер да ја сопре истрагата на федералните органи за него и за Викиликс.
„Ваквата истрага која е континуирана и актуелна создава замрзнувачки ефект не само на онјалн издавачите, туку и на сите издавачи“, рекол Асанж.
Асанж го посоветувал Барак Обама да се осврне на своето наследство како претседател или пак да биде запаметен како Американски претседател кој водел повеќе истраги за шпионажа против новинари отколку сите претседатели заедно од 1917 година досега и оригиналниот издавање на Актот за шпионажа“
На поранешниот австралиски министер за надворешни работи Боб Кар, Асанж рекол: „Боб Кар призна дека во неговата биографија ја лажел австралиската јавност.“
За комјутерски неписмените, Асанж додал:„Можете да најдете податоци со пребарување на зборовите „Боб Кар“, „Асанж“ или пак „Игли“ .
На прашањето „Дали Викиликс сеуште релевантен?“, Асанж одговорил: „Ако прашањето е дали во оваа година продуциравме протекување кои ја допираа секоја земја поединечно во светот и повеќе од 350 милиони зборови – инспириравме промени во владите на Блискиот Исток… одоговорот е НЕ. Но тоа е висока цел да се постигне таков стандард секоја година.“
Основачот на сајтот „Викиликс“ Џулијан Асан рекол дека стравува за своето семејство, пренесе српски „Блиц“.
Зборувајќи со новинарите во Амбасадата на Еквадор во Лондон, Асанж истакнал дека одредени поединци им се закануваат на неговите деца и мајката.
Асанж истакнал дека ќе остане во амбасадата на Еквадор во Лондон додека не се режи неговата иднина.
„Адвокатите ми рекоа дека постои сериозна опасност дека ќе бидам испорачан во САД ако ја напуштам амбасадата. Би било глупаво да го направам тоа кога се знае што се случило во Ќелси Менинг“, вели Асанж.
Челзи Менинг, американскиот војник кој порано се викаше Бредли, осуден е на 35 години затвор во САД заради проследување на илјада тајни документи на „Викиликс“.
Асанж се засолна во амбасадата на Еквадор во Лондон пред две години за да ја избегне екстрадицијата. Тамошните власти сакаат да го испитаат во врска со обвинувањата на две жени за сексуален напад, потсетува Би-Би-Си.
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж вчера во живо одговараше на прашања на сесија на веб страницата на Reddit , поканувајќи ги корисниците „да го прашаат било што“.
Тој напиша: “Јас сум Џулијан Асанж издавач на Викиликс. Прашај ме нешто. ”
И Асанж се најде под истрага на сè, од Светското првенство за менување на светот, пренесе „Индипентент“.
Некои од прашањата бе вакви: “Каков совет би им дала на обичните граѓани во однос на тоа како тие можат да имаат влијание. Многумина од нас се чувствуваат беспомошни, поразен и мали. Ни се вреска за промена, но она што се случува може да потрае?.?”
Асанж одговорил: “Кога сме свесни за светот и обемот на неговата нечовечност и глупост ние се чувствуваме мали. Многу е тешко да се “мисли глобално” и “делувај локално”, бидејќи и покрај гобалното размислување ние сме оптоварени со проблеми кои чекаат да ги решаваме секојдневно.
“Сепак, интернет овозможува на многу луѓе да реагираат глобално во начинот на кој тие не можеа порано. Викиликс е реализација на оваа тензија. Со ослободување материјали на многу делови од светот, ние ги поттикнуваме другите да размислуваат и да дејствуваат.“
“Што може да направат обичните луѓе? Поддржуваат и промовираат проекти кои се однесуваат на развојот. Викиликс е мојата реализација на оваа тензија, но има поплава и мора да започнеш. Судирите меѓу разновидноста и глобалната униформност која е создадена од страна на потоци во светот да сам по себе е сега во игра. Вие сте војниците “.