„Викиликс“: Терористите од Диво Насеље во комуникација со структури на СДСМ

Порталот „Журнал.нет“ објави дека на сајтот на „Викиликс“ се појавила коресподенција на американските служби со Стејт Департментот за настаните поврзани со кумановско Диво Насеље кои се случија пред две години.

Во преписката се наведува дека  терористичката група која упадна од Косово како луѓе кои сакаат да се претстават како исламски радикали, главно имаат терористичко криминални побуди.

cikiliks

Браво тимот потврдува дека дваесетчлената група е влезена од Косово, и засега се задржува во ридестиот дел на Куманово. Иако тие сакаат да делуваат како исламски радикали, главната карактеристика е дека се служат со терористичко криминални методи и побуди, објавува „Викиликс“.

Во документот на американската администрација стои дека нивното дејствување е поврзано со антивладините протести кои ги организираше СДСМ пред владата четири дена порано, кога полицијата се судри со партиските членови на СДСМ.

Нивното дејствување во Македонија зависи од моменталната политичка состојба. Важен детаљ е дека пред владата имаше анти владини протести кои беа сузбиени од полицијата. Целта на албанските радикали е користење на таквиот моментум, стои во преписката на американската администрација.

Во документот се наведува и дека групата на терористи остварила веќе контакти со политичари во Скопје, и имало најмалку две средби во Приштина, како и дека постојат контакти со движењето кое заговара политички промени, мислејќи пред се на СДСМ и протестите кои тие ги организираа.

Групата важи за блиска до Харадинај од Косово, и остварила контакти со политичари од Скопје. Потврдени се најмалку две средби во Приштина. Тие ќе побараат промени од официјално Скопје. Членови на радикалите од Косово и ФИРОМ се во комуникација со поддржувачи на движењето за политички промени во ФИРОМ, стои во документот објавен на „Викиликс“.

skop

Групата за брзо време нема да делува и ќе стекнува логистика, но ќе пружи отпор доколку истата биде пресретната, пишува во преписката меѓу американските служби.

vikiliks-2

Она што може со сигурност да го кажеме е фактот дека на протестите кои ги одржа СДСМ на крајот од мај се појавија знамиња на Голема Албанија и амблем на 113-та косовска ударна бригада чиј што членови учествуваа во настаните во „Диво Насеље“, Куманово. Ден по настаните во „Диво Насеље“, Заев наместо да ги посети повредените полицајци отиде на местото на престрелките и правеше селфи на местото каде загинаа македонските полицајци, пишува „Журнал“.

3-8