Украинскиот претседател Виктор Јанукович е познат по својата способност да преживува на полето на политиката, коментира британскиот весник „Гардијан“. Еднаш тој веќе се вратил по еден сериозен пораз. Во моментов неговите главни политички противници се или со лоша репутација или во затвор.
Јанукович е истовремено осудуван и заплашуван од Кремљ, а во исто време Брисел се обидува да стигне до него.
Младите луѓе кои ги наполнија улиците и плоштадите на украинската престолнина и други градови, бараат оставка на Јанукович, велејќи дека тој го прави она што тие не сакаат да и се случи на нивната земја.
Шефот на државата, сепак нема да си отиде така лесно, пишува „Гардијан“.