Викторија Бекам се појави на насловната страница на октомвриското издание на британски „Вог“.
Мајката, сопруга и дизјанерка заблеска во секси едиторијалот, а покрај тоа, во рамки на интервјуто објави и интимно писмо што го напиша до себе си на 18-годишна возраст.
Таа открива дека со сопругот Дејвид и четирите деца е пресреќна. Викторија која е позната по тоа што многу не говори за својот приватен живот овој пат откри неколку сочни детали за тоа како започнала љубовната приказна со Дејвид која трае од 1999-тата година.
И да љубовта на прв поглед постои. Ќе ти се случи на ручекот со играчите на Манчестер Јунајтед – иако ќе бидеш малку пијана, па така точните детали ќе ти останат замаглени. Додека другите фудбалери стојат покрај барот со нивните партнерки, ќе го видиш Дејвид како стои до неговото семејство. (Тој сеуште не е ниту во првиот тим во тоа време – ти си славната). И тој има толку слатка насмевка. И ти си блиска со семејството и ќе помислиш на тоа колку сте слични. Ќе ти го побара телефоснкиот број. (Сеуште го чува билетот од Лондон до Манчестер на кој му го запиша бројот), вели Вики во писмото.
Како што од претходно е познато, Дејвид ја забележал 3 години пред тоа кога ја видел во спотот за песната „Say you’ll be there“ на Спајс Грлс.
Тоа е девојката за мене и јас ќе ја освојам. Таа е мојата визија за совршенство. Знам дека ако таа ме сака, ќе бидеме заедно засекогаш, изјави тогаш Дејвид, а таа се потруди да дојде на неговиот тогашен натпревар со Манчестер Јунајтед.