Поп-пејачката Викторија Лоба, вчера промовираше видеоспотот за својата последна песна „Дојди“. Песната е авторско дело на Роберт Билбилов, долгогодишниот соработник на Лоба, спотот го режира Огнен Шапковски, а го снимаше „Мелем продукција“.
„Овој спот ми значи многу затоа што многу се намачивме, го снимавме три дена. Во ова тешко време кога ние артистите немаме толкава поддршка од медиумите затоа што преовладуваат политичките вести, сакам да им дадам поттик на музиката, видеата, на тоа што го работиме, би сакала да почнеме да правиме добра музика, добри проекти, добри видеоспотови,“ рече, меѓу другото, Викторија Лоба.
Погледнете го спотот за песната „Дојди“: