Вилјареал со победа на третото место во Примера

Фудбалерите на Вилјареал го победија Реал Вајадолид со 2:0 во понеделникот вечерта во последниот натпревар од осмото коло од шпанското првенство, правејќи скок до третата позиција на табелата.

На „Жолтата подморница“ победата ѝ ја донесоа Самјуел Чуквуезе во 21 и Пау Торес во 37 минута.

Вилјареал со оваа победа напредуваше на третото место со 15 бодови, два помалку од Реал Сосиедад. На второто место е Реал Мадрид со 16 бдоови, но со меч помалку,

Вајадолид е последени 20-ти со само три бода.