Аукциската куќа за луксузни недвижнини Sotheby’s International Realty понуди на наддавање вила со розеви ѕидови во Монако изградена на карпа, една од последнице сецесиски вили, по рекордна цена од 110 милиони евра.
Таканаречената „Кула за набљудување“ била во сопственост на семејството на Франсоа Бланк, основач на казината во Монте Карло.
Дури и за кнежевството Монако, каде што цените на недвижнините се меѓу највисоките во светот со просечно 41.335 евра за квадратен метар во 2017 година, споменатата сцена е извонредно висока, наведува Sotheby’s.
Аукциската куќа истакнува дека ставнува збор за 700 квадратни метри станбен простор од оваа вила на шест ката со 550 квадратни метри градина со базен. Вилата се продава без покуќнина.
Неокласичната вила со розева фасада е една од последните од периодот, од почетокот на XX век, којашто е целосно сочувана и не е претворена во станови или канцеларии, во овој дел на Азурниот брег кој со бројните високи градби вече наликува на мал Менхетен.
Од Sotheby’s наведуваат дека датумот на изградбата на вилата не е дефиниран, но дека таа се споменува во книга од Монако од 1903 година.