
Холандскиот политичар Герт Вилдерс синоќа објави дека е постигнат договор за формирање на десничарска коалициска влада речиси шест месеци по изборната победа на неговата партија, но и дека тој нема да биде премиер.
„Имаме договор меѓу преговарачите“, рече Вилдерс, кој уште во март се откажа од намерата да биде премиер, наведувајќи ги наводите дека е „исламофоб и противник на ЕУ“.
Договорот е постигнат меѓу четири партии – Партијата за слобода (ПВВ) на Герт Вилдерс, про-земјоделската партија БББ, либералната партија ВВД и новата партија против корупцијата НСЦ.
Се уште не е познато кој ќе ја предводи десничарската владејачка коалиција која ќе го замени Марк Руте. Руте е кандидат за функцијата генерален секретар на НАТО.