Вилфред Заха кариерата ја продолжува во Галатасарај

Вилфрид Заха, фудбалер од Брегот на слоновата коска, по тринаесет години ја напушти англиската Премиер лига и кариерата ќе ја продолжи во актуелниот турски прввак Галатасарај.

Заха со клубот од Истанбул потпиша тригодишен договор, а по сезона треба да заработува околу 4,3 милиони евра.

Професионалната кариера ја започна во Кристал Палас, а од овој англиски прволигаш замина во Турција. Во текот на престојот во Велика Британија играше и за Манчестер Јунајтед и Кардиф. За Кристал Палас одигра вкупно 458 натпревари и постигна 90 голови.

Овој крилен напаѓач на почетокот на кариерата настапуваше за јуниорските репрезентации на Англија, но од 2017 година е репрезентативец на Брегот на слоновата коска, за која впиша 31 настап со пет гола.