Вилијан: Не чека комплициран меч против Белгија

Бразилскиот репрезентативец Вилијан најави непријатен натпревар против Белгија во четвртфиналето на Светското првенство. Белгија и Уругвај се единствените репрезентации кои остварија победи на сите четири натпревари. Бразил, од друга страна, почна со реми против Швајцарија, но потоа ја подигнаа формата и постигна три триумфи.

Белгија има одлични играчи, некои од нив играле или играат во Челзи со мене. Куртоа има малку слаби точки и тешко е да се најдат. Азар е одличен. Допрва треба да видиме која е најдобра насока за нападот. Нема да биде лесно против нив, тоа ќе биде уште еден тежок натпревар. Ќе ја проучиме нивната игра колку што можеме, како што и тие ќе ја проучуваат нашата игра. Немам ништо друго да додадам, освен дека ќе биде комплицирано, рече Вилијан.

Бразил и Белгија досега на светските првенства се сретнале само еднаш, во осминафиналето 2002 година, кога Бразилците славеа со 2:0.

Натпреварот се игра во Казањ утре во 20 часот.