Репрезентативецот на Шпанија и стандарден првотимец во дресот на Атлетико (М), Давид Вилја, откри дека пред една година добил примамлива понуда од лондонскиот премиерлигаш Арсенал.
„Можам да потврдам дека добив примамлива понуда од Арсенал. Мене ми одговараше, а беше прифатлива и за мојот тогашен клуб Барселона. Сепак, челниците на Барса експресно ја одбија понудата на Арсенал. Мене ме информираа дека имаат потреба од моите услуги, дека сега не е време за реализација на таков трансфер”, откри искусниот напаѓач.