Новајлијата во шпанската Примера дивизион, тимот на Виљареал забележа минимален но злато вреден триумф во дуелот против екипата на Гетафе и на тој начин ја продолжи борбата за четвртата позиција на табелата, која гарантира настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.
Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 5 минута од натпреварот, беше дело на францускиот напаѓач Жереми Пербет.
Идентичен триумф, но во дуелот против гостинскиот тим на Ваљадолид, забележаа фудбалерите на Реал од Сосиедад кои се надеваат дела повторно ќе изборат пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.
Резултати: Сосиедад – Ваљадолид 1:0, Гетафе – Виљареал 0:1, Алмерија – Валенсија 2:2, Леванте – Бетис 1:3.