Виљареал убедлив во дуелот со Селта

Во саботата високи победи постигнаа и Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.

Головите за Виљареал ги постигнаа: Роберто Сориано (два), Седрик Бакамбу, Мануел Тригуерос и Даниел Вас (автогол).

Виљареал заедно се екипите на Атлетико Мадрид и Реал Мадрид се единствените без пораз во Примера.

Резултати на натпреварите од 8.коло:
Виљареал – Селта 5:0,
Алавес – Малага 1:1,
Атлетик Билбао – Реал Сосиедад 3:2,
Хихон – Валенсија 1:2,
Бетис – Реал Мадрид 1:6,
Атлетико Мадрид – Гранада 7:1,
Барселона – Депортива 4:0,
Леганес – Севиља 2:3 и
Лас Палмас – Еспањол 0:0.

Последниот натпревар од оваа рунда меѓу Еибар и Осасуна се игра вечерва од 20:45 часот.

Табела: Атлетико Мадрид 18 бодови, Реал Мадрид 18, Севиља 17, Барселона 16, Виљареал 16, Атлетик Билбао 15.