Седумкратниот победник на Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без борба се пласираше во полуфиналето на овогодинешното издание на најголемиот турнир во светот, откако Австралиецот Алекс Де Минор се предаде во четвртфиналниот меч поради повреда на колкот.
Де Минор се здоби со повреда за време на неговиот натпревар од четвртото коло во победата со 6-2, 6-4, 4-6, 6-3 против Французинот Артур Филс.
За 25-годишниот Де Минор четвртфиналето е најдобриот резултат на Грен-слем турнирите во кариерата, досега стигна до најдобрите осум на УС Опен во 2020 година и на Ролан Гарос на почетокот на годинава.
Ѓоковиќ во петок во полуфиналето ќе игра против подобриот од Американецот Тејлор Фриц и Италијанецот Лоренцо Музети.