Вимблдон: Ѓоковиќ со изгубен сет во четвртфиналето

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, првиот носител на годинешниот Вимблдон и шесткратен победник на Грен слем турнирот во „Ол Ингланд Клуб“, се пласираше во четвртфиналето

Во осминафиналето Ѓоковиќ со 6-2, 4-6, 6-1, 6-2 го победи холандскиот тенисер Тим ван Рајтовен, 25-годишник кој првпат во Вимблдон првпат во кариерата игра на Грен слем турнир и моментално е на 104-то место на АТП листата.

Ван Рајтовен годинава се најави со одлични игри на трева, првенствено со победа на турнирот во Хертигенбох каде во финалето го победи Медведев. Против Ѓоковиќ имаше и 1-1 во сетови, но во остатокот од мечот само статираше и во третиот и четвртиот сет освои вкупно само три гема.

Единствено вистинска борба се водеше во вториот сет. По направениот „брејк“, Ван Рајтовен при 5-4 сервираше за израмнување, спаси притоа повеќе брејк шанси и успеа да го добие сетот, но тука и застана.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Јаник Синер, 21-годишен италијански тенисер, кој со 6-1, 6-4, 6-7(8), 6-3 го доби две години помладиот Шпанец Карлос Алказар.

Вимблдон, тенисери, осминафинале:

Дејвид Гофин (Белгија) – Френсис Тиафо (САД/23) 7-6 (3), 5-7, 5-7, 6-4, 7-5
Камерон Нори (Велика Британија/9) – Томи Пол (САД/30) 6-4, 7-5, 6-4
Јаник Синер (Италија/10) – Карлос Алкараз (Шпанија/5) 6-1, 6-4, 6-7(8), 6-3
Новак Ѓоковиќ (Србија/1) – Тим ван Рајтовен (Холандија) 6-2, 4-6, 6-1, 6-2