Вимблдон: Путинцева ja елиминираше најдобрата тенисерка на светот Швјонтек

Во третото коло на годинешното издаение на Вимблдон, најдобрата светска тенисерка, Ига Швјонтек од Полска, беше поразена од Казахстанката Јулија Путинцева со 3:6, 6:1, 6:2.

Швјонтек никогаш во кариерата не уживаше да игра на трева, па нејзиниот најдобар резултат во кариерата на Вимблдон беше четвртфиналето минатата година. Дека не ѝ одгавара тревната подлога се покажа и на овој меч. По освојувањето на првиот сет, Швјонтек буквално застана на теренот до крајот и освои само три гема против разиграната Путинцева, 35. тенисерка во светот. Мечот траеше точно два часа.

Во осминафиналето Путинцева ќе игра против Летонката Елена Остапенко која претходното во саботата лесно ја совлада Американката Бернарда Пера со 6-1, 6-3.

На турнирот повеќе не е и Тунижанката Онс Жабер, која играше и загуби во финалето на Вимблдон во 2022 и 2023 година. Таа во третото коло на овогодинешниот турнир беше поразена со 6-1, 7-6(4) од украинската тенисерка Елина Свитолина.