Француската тенисерка Ализе Корне ја прекина долготрајната победничка низа на моментално најдобрата тенисерка на светот, Полјачката Ига Швјатек, која победи во сите претходни 37 последователни натпревари, што е најдолгата серија во современиот женски тенис.
Во третото коло на Вимблдон, третиот Грен слем турнир годинава, Корне славеше со убедливи 6-4 и 6-2. По загубениот прв сет, Шјватек вториот го отвори со 2-0, но следеше жесток противудар на 32-годишната Конте, која е 37 тенисерка на ВТА листата и ги доби сите следни шест гемови.
Во осминафиналето Французинката ќе игра против Австралијката Алја Томљанович.
Вимблдон, тенисерки 3.коло:
Петра Мартиќ (Хрватска) – Џесика Пегула (САД/8) 6-2, 7-6(5)
Елена Рибакина (Казахстан/17) – Чинвен Женг (Кина) 7-6(4), 7-5
Ајла Томљановиќ (Австралија – Барбора Крејчикова (Чешка/13) 2-6, 6-4, 6-3
Хармони Тан (Франција) – Кејти Бултер (ГБ) 6-1, 6-1
Аманда Анисимова (САД/20) – Коко Гауф (САД/11) 6-7(4), 6-2, 6-1
Симона Халеп (Романија16) – Магдалена Фреч (Полска) 6-4, 6-1
Ализе Корне (Франција) – Ига Свијатек (Полска/1) 6-4, 6-2
Паула Бадоса (Шпанија/4) – Петра Квитова (Чешка/25) 7-5, 7-6(4)