Вимлбдон: Надал лесно, Киргиос го победи Циципас

Завршницата од натпреварувачкиот ден во Вимблдон во саботата, третиот Грен слем годинава, беше одлична а за тоа се погрижија австралискиот тенисер Ник Киргиос и Гркот Стафенос Циципас.

Во овој меч од третото коло славеше Киргиос со 6-7(2), 6-4, 6-3, 7-6(7), со што обезбеди пресметка во осминафиналето со Американецот Брендон Накашима.

Покрај очекуваната нервоза кај двајцата, наелектризираните односи меѓу Кирггиос и Циципас, тенисерите одиграа и исклучително квалитетен меч. Севкупно, Австралиецот сепак беше подобар, а Киргиос во напнатиот „тајбрек“ во четвртиот сет ја искористи втората меч топка.

Рафаел Надал, пак, многу лесно го совлада Лоренцо Сонего со 6-1, 6-2, 6-4 и во осминафиналето ќе игра против Холанѓанецот Ботик дан дек Зандшулп. Италијанецот не можеше ништо да одигра до 4-2 за Шпанецот во третиот сет. Тогаш беше решено да биде затворен покривот на теренот, а продолжувањето на дуелот го одбележаа два гема во низа за Сонего, со што дојде до првиот „брејк“ во мечот и израмни на 4-4.

По загубениот сервис гем, Надал направи необична сцена. Го повика Сонего на мрежата и, очигледно, го замоли да биде потивок при одигрувањето на поените или прославувањето на освоените поени. Во секој случај, Надал брзо дојде до нов „брејк“ и потоа го затвори овој меч.

 

Вимблдон, тенисери 3 коло:

Рафаел Надал (Шпанија/2) – Лоренцо Сонего (Италија/27) 6-1, 6-2, 6-4
Ник Киргиос (Авсралија) – Стефанос Циципас (Грција/4) 6-7(2), 6-4, 6-3, 7-6(7)
Кристијан Гарин (Чиле) – Џенсон Бруксби (САД/29) 6-2, 6-3, 1-6, 6-4
Ботик фан де Зандшулп (Холандија21) – Ришар Гаске (Франција) 7-5, 2-6, 7-6 (7), 6-1
Алекс де Минаур (Австрија/19) – Лиам Броди (Велика Британија) 6-3, 6-4, 7-5
Брендон Накашима (САД) – Даниел Галан (Колумбија 6-4, 6-4, 6-1
Џејсон Кублер (Австралија) – Џек Сок (САД) 6-2, 4-6, 5-7, 7-6 (4), 6-3
Тејлор Фриц (САД/11) – Алекс Молчан (Словачка) 6-4, 6-1, 7-6 (3)