Фејсбук објава на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ:
Вината за скандирањата да си ја барате кај:
1. Политичарите во Македонија кои прифаќаат катастрофални уцени од Бугарија само со цел да си ги зачуваат кариерите…
2. Политичарите од Бугарија кои сѐ уште живеат и работат како да се во 19-от век, со нескриени негаторски политика спрема македонскиот народ…
Дали треба да биде подобро, ДА…
Дали треба да бидеме поблиски, секако ДА…
Дали треба да глумиме збунети, вознемирени и запрепастени, НЕ…
Паметам кога во 1994 година цела Македонија навиваше за Бугарија на светското првенство…
Кој и што ја упропасти таа близина јасно се знае, а тоа најмалку се граѓаните кои вчера беа присутни на Националната Арена Филип Втори…